-----------
ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПРОСТОРНИ И УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ

:: Поважни настани

Зголемување на површините за паркирање

:: Во текот на наредниот период со зонско паркирање ќе бидат опфатени следните паркинг простори:

  • Паркинг простор на ул. Кеј 19тиСептември во делот од крстосницата со ул.Сотка Ѓорѓиоски(Кај Матадор) до крст. Со ул.Борка Талески
  • Паркинг простор на ул.Трајко Тарцан од СОУ „Ѓорче Петров“ до крст. Со ул.Мирче Ацев
  • Паркинг простор на ул.Леце Котески во делот од крст. со ул.Ленин (кај Пожарна) до влезот од „Витаминка“.

Воведување на повластени билети за паркирање

:: Право на користење на повластен билет за паркирање (ПБП) имаат станарите на улицата на која се врши наплата на надоместок за користење на паркинг простор, а во текот на наредниот период се планира да се воведе повластен билет за паркирање и за правни лица, сопственици на недвижнини, трговци поединци, кои имаат или користат деловен простор во зоната во која се наплаќа надоместок за користење на паркинг простор. Условите за добивање на повластен билет за паркирање се објаснети во прилогот ПБП1-Услови за добивање на повластен билет за паркирање.
На повластениот билет за паркиирање (ПБП) не се применува ограничување на времетраењето на паркирање, и истиот се издава за период до 12 месеци.

Воведување на дневни, неделни, месечни и годишни билети за паркирање

:: Во наредниот период предвидено е да се воведат, дневни, неделни, месечни и годишни билети за паркирање.

Од досегашното работење на паркинг службата, врз основа на барањата на корисниците,  се наметна потребата од издавање на дневни и неделни билети за паркирање. Барањето за издавање на Паркинг билет ќе се издава во ИНФО центарот на ЈП за ПУП - Прилеп, како и на сите киосци од ЈП за ПУП - Прилеп. Со купувањето на дневен, неделен и месечен билет на корисниците на  ЈП за ПУП - Прилеп му се овозможува да ги користат по овластена цена каде бројот на влезови-паркирања е НЕОГРАНИЧЕН и исто така времетраењето на паркирање е неограничено. Со тоа се овозможува поголем степен на слобода за корисниците на услугите на ЈП за ПУП-Прилеп односно подигнување на нивото на квалитетот на живеење.

 

Последни активности

Latest Project

Зголемување на површините за паркирање

Со појавата на трендот на зголемување на степенот на моторизација и бројот на регистрирани моторни возила во Градот, одделението за стопанисување со паркинг простор воспостави нови паркинг простори се со цел да се излезе во пресрет на новонастанатата ситуација...

Повеќе..

Поважни настани

Воведување на повластени билети за паркирање

:: За корисниците на услугите за паркирање во расположливиот простор, согласно нивните потреби и местоположбата на живеење воведени се повластени билети.

 

Воведување на дневни, неделни, месечни и годишни билети за паркирање

:: За корисниците на услугите за паркирање во расположливиот простор, согласно нивните потреби и местоположбата на живеење.

 

Повеќе..